Селекторот на Ирска, Хајмир Халгримсон, реагираше на исклучувањето на Кристијано Роналдо на прес-конференцијата по победата над Португалија.
„Роналдо ме потенцираше мене дека наводно вршам притисок врз судијата. Но, само неговата реакција доведе до црвениот картон кој го доби, тоа немаше никаква врска со мене. Освен ако не му влегов во глава“, рече Халгримсон.
Да ве потсетиме, пред натпреварот, тој зборуваше за притисокот што селекторот на Ирска постојани го врши врз судиите со изјави за него во секој момент.
„Мислам дека (Халгримсон) се обиде да врши притисок врз судиите. Сигурен сум дека е паметен, знае што прави, каде треба да притиска. Јас сум во ова многу години, тој знае како да го отстрани притисокот од своите играчи. Ова е одлучувачки натпревар за нив. Ќе имаат свои шанси, имаат добар тим, но мислам дека Португалија ќе одигра добар натпревар и ќе победи“, рече Роналдо пред средбата во Даблин.
After seeing this angle I dont even blame Cristiano Ronaldo
F*uk Ireland … we will be there to see your tears on Sunday. pic.twitter.com/goekbl7ygl
— fan (@NoodleHairCR7) November 14, 2025
Португалците имаа можност да го потврдат своето место на Светското првенство, но ќе мора да бараат виза во последното коло против последнопласираната Ерменија.
Роналдо ќе го пропушти тој одлучувачки натпревар, а секако и почетокот на Светското првенство, доколку Португалија се квалификува, што е сигурно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

