Mеси и Лаутаро и донесоа победа на Аргентина на „фестивалот“ во Ангола

Аргентинската фудбалска репрезентација ја победи Ангола со 2-0 како гостин во пријателски натпревар одигран на стадионот „11 Ноември“ во Луанда.

Централна фигура на натпреварот беше Лео Меси, кој беше пречекан од домашните навивачи како божество. Меси се најде во почетниот состав, па публиката можеше да ги види светските шампиони во акција во речиси најсилниот состав.

Меси беше главен протагонист во триумфот, со асистенција и гол, а Лаутаро Мартинез забележа идентичен настап. Гостите поведоа во 43. минута кога Меси го проигра преку, кој ја погоди мрежата на Ангола.

Во продолжението, Аргентинците ја контролираа играта, а победата ја запечатија во 82. минута кога Мартинез му возврати на Меси за конечен триумф од 2-0.

Argentina [2]-0 Angola – L.Messi 81'
byu/DavidRolands insoccer

 

Се вчитува...