Каков шок за Белгија: Казахстан води во Астана! (ВИДЕО)

Казахстан има шокантно водство против Белгија уште во раната фаза од меѓусебниот натпревар во квалификациската група Ј за пласман на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.

Казахстанците на дуелот во Астана поведоа во 9. минута со голот на Сатпајев.

Со евентуален пораз на Белгијците, Македонија ќе остане до крај со евентуални шанси и за освојување на првото место во квалификациската група Ј, иако е сосема јасно дека во последното коло Белгија, дури и денеска да киксне во Казахстан, нема да дозволи на крајот изненадување против Лихтенштајн.

Се вчитува...