Португалија даде девет гола без Роналдо и стигна до мундијалски билет

Португалија стигна до билет за СП 2026 откако избраниците на Роберто Мартинез во последното коло ја декласираа селекцијата на Ерменија со 9-1. Кристијано Роналдо не беше во тимот поради црвениот картон во Даблин против Република Ирска, но Португалците без најголемата ѕвезда ја наполнија до врв мрежата на гостите.

Бруно Фернандеш одигра извонреден меч постигнувајќи хет-трик, Жоао Невеш стигна до првиот хет-трик во репрезентативниот дрес, а по еднаш меѓу стрелците се запишаа Веига, Консеисао и Рамош.

Унгарија на домашен терен ремизираше загуби со 2-3 од Република Ирска, резултат со кој Ирците се искачија на второто место и стигнаа до бараж за СП 2026.

Успехот е уште поголем ако се знае дека Унгарија водеше со 1-0 и со 2-1, но Перот беше херојот што ги постигна голот за 2-2, потоа и оној победничкиот буквално во последната акција од мечот во 95. минута.

Се вчитува...