Финска вечерва ќе биде домаќин на Андора во пријателски на стадионот „Тамела“ во последниот натпревар оваа година. Најдобриот стрелец на оваа селекција Тему Пуки после овој меч ја завршува репрезентативната кариера.
Финска не успеа да се пласира на Мундијалот, ниту во баражот, па така ова за нив ќе биде последен меч оваа година, а за Пуки последен во финската репрезентација. Финскиот напаѓач вечерва ќе го игра 133-тиот меч, и во нив досега постигна 42 голови, што е најдобар голгетер на Финска, пред Јари Литманен кој има 32 меча.
Пуки исто така е втор по бројот на настапи за селекцијата на Финска. Пред него е само Литманен кој одигра во својата репрезентативна кариера 137 меча.
Teemu Pukki se retira de la selección de Finlandia y jugó su último partido ante su hinchada.
Nada más duro que decir adiós⚽️💔
— Juez Central (@Juezcentral) November 15, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

