Халанд: Манчини ме фаќаше за задникот, баш му благодарам…

Ерлинг Халанд го исполни големиот сон – ја предводеше Норвешка до перфектни осум победи на осум меча и заслужен пласман на СП 2026.

Големиот ас беше незапирлив за ривалите во текот на целите квалификации, а блесна и на последниот меч, со два гола предводејќи го пресвртот и убедливата победа од 1-4 на гостувањето против Италија.

„Чувствувам голема среќа, но ако сум максимално искрен – уште поголемо олеснување сега кога се е готово. Станавме подобри играчи, посилен колектив, така мала нација стигна до така одличен резултатот. Чувствувам дека ова е почеток на нешто големо“, задоволно изјави Халанд по победата.

Потоа, тој обелодени и дека противничките дефанзивци се служеле со „чудни методи“ во обидите да го исфрлат од ритам.

„Манчини беше мој чувар речиси цел меч, а потоа при 1-1 почна да ме удира, но и да ме фаќа за задникот. Првата реакција ми беше: Што правиш, човеку… но штом се смирив му реков: ти благодарам многу за мотивацијата, одиме понатаму… И дадов два гола, ние победивме со 1-4. Така што… многу му благодарам“, прокоментира норвешката гол-машина.

Се вчитува...