По неочекуваниот пораз од Република Ирска (2-0), Португалците ја совладаа Ерменија со 9-1 и обезбедија директен пласман на Светското првенство како победници во групата Ф.
Хет-трик на Невеш и хет-трик на Фернандеш и по еден гол на Веига, Рамош и Консеикао беа доволни за големиот триумф на Португалците.
Ова е втор пат во историјата португалската репрезентација да постигнува девет гола на еден натпревар.
Таа за првпат на ваков начин ги израдува своите навивачи во квалификацискиот натпревар за ЕП, на 11 септември 2023 година, кога го победи Луксембург со 9-0.
На тој натпревар Инасио постигна три гола, Рамос два, Жота, Хорта, Фернандеш и Феликс по еден.
Но, она што е интересно е што Кристијано Роналдо не беше во игра на ниту еден од тие два натпревари. Овој пат го немаше бидејќи доби црвен картон на натпреварот против Република Ирска, прв во кариерата во репрезентативниот дрес, а на натпреварот против Луксембург тој беше суспендиран поради парен број жолти картони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

