Донарума: Тажен сум и разочаран

Италија доживеа ново големо разочарување во едни квалификации завршивајќи на втората позиција во групата за Светското првенство по тешкиот пораз од 1-4 од Норвешка.

Голамот на италијанската репрезентација, Џиџи Донарума не го криеше разочарувањето откривајќи го проблемот на Италија па говореше и за предизвиците кои следат.

„Не требаше да примиме трет гол, а четвртиот беше многу доцна. Нашиот главен проблем беше тоа што престанавме да играме во второто полувреме. Може да се случи селекција како Норвешка да ти направи шанса, ама да се распаднеш по неа, да загубиш самодоверба и контрола – тоа е неприфатливо.

Тажен сум и разочаран, како и сите останати. Им се извинуваме на навивачите кои покажаа огромна страст и љубов. Само сакам да ги повикам да бидат тука за нас во март, да останеме сплотени и да одиме натпревар по натпревар во баражот“, изјави Донарума.

Се вчитува...