Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, пред пријателскиот натпревар со Тунис изјави дека сè уште не го отпишал Нејмар од списокот на патници за Светското првенство следната година.
Репрезентацијата на Бразил се квалификуваше за Светското првенство 2026. Пред три дена, Бразил го победи Сенегал со 2-0 во пријателски натпревар во Лондон, а денеска ќе одигра пријателски натпревар против Тунис во Лил.
Анчелоти одлучи да го изостави Нејмар од составот за натпреварите против Сенегал и Тунис.
„На Нејмар му е потребен ритам, тоа е клучот по долгата пауза поради повреда. Остануваат уште шест месеци до објавувањето на конечниот список на играчи за СП 2026. Има доволно време да се врати во форма, бразилското првенство завршува во декември“, рече Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

