Објавено видео генерирано од АИ…. Роналдо ќе заработи и до 90 милиони евра само од една посета на Доналд Трамп!!!? (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо ќе ја зголеми вредноста на своите спонзорски договори по посетата на Доналдо Трамп и Белата куќа заедно со делегацијата од Саудиска Арабија изминативе денови.

Португалецот ќе заработи сега многу повеќе пари, вели професорот Роб Вилсон, кој е директор на Универзитетскиот кампус за фудбалски бизнис. Секако, средбата со американскиот претседател за него ќе значи дополнителна заработка од спонзорските договори.

„Со добиениот медиумски простор, ќе следи зголемување на вредноста на неговите спонзорски договори во портфолиото. Може да очекуваме дека Роналдо ќе стигне до 90 милиони евра годишно од сопнзори во САД“, рече Вилсон.

А, во меѓувреме, пак, Доналд Трамп објави видео генерирано од вештачка интелегенција каде што игра фудбал заедно со Роналдо во Белата куќа..

Се вчитува...