Португалскиот фудбал завиен во црно: Почина долгогодишниот помошник на Мурињо

Португалскиот тренер Силвино Луро, почина на 67-годишна возраст по долго и тешко боледување. Луро беше поранешен голман на Бенфика, Виторија Гимараеш и Порто, а играше и 23 пати за селекцијата на Португалија.

Во 2000 година ја презеде улогата на тренер на  голманите во португалската репрезентација, а потоа беше тренер на голмани и во Порто, каде што беше дел од стручниот штаб на Жозе Мурињо, а потоа ос него замина во Челси, Интер, Реал Мадрид, повторно Челси и Манчестер Јунајтед. Со Мурињо работеше заедно цели 18 години.

Неговата последна работа беше како тренер во Ал Хилал Омдруман во Судан во 2021 година.

 

Се вчитува...