Ливерпул без Салах на гостувањето во Брајтон

Ливерпул ќе биде сериозно ослабен за утрешното гостување против Брајтон откако Мохамед Салах заработи повреда и отпадна од комбинација за последниот натпревар пред репрезентативната пауза.

Салах се повреди во второто полувреме од дуелот со Галатасарај, повеќе детали засега не се откриваат, но Слот се надева дека најдобриот стрелец во историјата на Ливерпул во Премиер-лигата ќе биде „фит“ за клучниот дел од сезоната.

„За нас е крајно невообичаено Салах да е повреден, но за жал, како резултат на таа повреда, нема да може да биде во тимот утре. Добро во целата ситуација е што следи репрезентативна пауза, па се надеваме дека за две седмици би го имале повторно во тимот“, изјави Слот.

Ливерпул во првиот меч по репрезентативната пауза ќе го пречека Фулам, по што ќе следи првиот четвртфинален дуел од ЛШ против ПСЖ, па премиерлигашкото градско дерби со Евертон.

Се вчитува...