Бразил остана без првиот голман за Франција и Хрватска

Првиот голман на Бразил, Алисон Бекер ги откажа настапите во репрезентацијата на Бразил за натпреварите со Франција и со Хрватска кои ќе се играат во САД, поради повреда.

Чуварот на мрежата на Ливерпул имаше повреда и не бранеше на првиот меч со Галатасарај во Истанбул, но се врати за дуелите со Тотенхем и со Галатасарај на домашен терен.

Селекторот Касло Анчелоти веднаш повика и негова замена. Тој го вклучи во составот голманот Хуго Соуза кој брани за Коринтијанс.

Се вчитува...