Луис Енрике по враќањето во Париз ги собра играчите на вечера, но тоа што го направил потоа сите ги шокирало!

Фудбалерите на ПСЖ се пласираа во големото финале на Лигата на шампионите и ќе имаат можност да ја одбранат титулата европски шампион. По враќањето во Париз, тренерот на овој тим закажа заедничка вечера, но сите зборуваат за тоа што на крајот направи Луис Енрике.

Екипата на ПСЖ се врати во Париз кратко по натпреварот на „Алијанц Арена“ против Баерн, а играчите се собраа синоќа и покрај тоа што имаа слободен ден.

Француските медиуми објавија дека синоќа екипата на ПСЖ имала заедничка вечера во париски ресторан, а иницијатор на сè бил Луис Енрике.

Енрике одлучил да го собере тимот за да го прослави пласманот во големото финале на Лигата на шампионите, но тоа не беше единствената причина за заедничката вечера.

Имено, шпанскиот стручњак денес го слави својот 56-ти роденден и тоа беше главната причина за синоќешното собирање во познат париски ресторан.

Сепак, она што Енрике го направи на крајот никој не го очекуваше бидејќи Шпанецот дури и не се појави.

Сите играчи на ПСЖ дојдоа на вечерата и го чекаа тренерот, но Енрике не дојде бидејќи сакаше играчите да се релаксираат и да уживаат што е можно повеќе, а не да се грижат дека тој ќе ги гледа што прават.

Тоа само ја покажува атмосферата во тимот на ПСЖ и колку доверба има Енрике во своите играчи.

Шпанецот ги покри сите трошоци за вечерата, а дружењето на играчите на овој клуб траела неколку часа.

Се вчитува...