Ракометарите на Пелистер доживеаја вистински дебакл (34-19) на гостувањето од Вардар во дерби пресметката која и дефинитивно им ја осигура титулата на „црвено-црните“.
Сето тоа предизвика огромен револт кај најверните навивачи на Пелистер, „Чкембарите“ кои синоќа кратко испратија порака до своите миленици: „Играте како „пи*ки“.
Но, „Чкембри“ веќе денеска и со комплетно соопштение преку својата официјална страница испратија прашања до сопствениците, стручниот штаб и до ракометрите.
„Јавно прашање до СОПСТВЕНИЦИТЕ, СТРУЧНИОТ ШТАБ И РАКОМЕТАРИТЕ!
Со што Битола и Чкембари заслужија да си играте мајтап со името Пелистер???Дали сте свесни дека овој град, за вие да имате сe што ви е ветено, си одделува од лебот од уста? Пелистер не почнал од вас. Пелистер не станал симбол на македонскиот ракомет поради вас. Пелистер е Пелистер благодарение на тони пролеана крв за тој свет дрес кој вие денес го мочате.Пелистер е создаден од генерации кои играле во услови далеку полоши од вашите, ама гинеле на терен. Овој клуб го красеа инает, храброст и душа. А вие денес изгледате како бездушни платеници.Чисто за анализа, ќе имате ли доблест повторно да се погледнете на што личевте вчера?Ви сметал овој, ви сметал оној, тој со тој не зборувал, некој со некого се пцуел… Оправдувања како во некоја селска кооперација.Земате илјадници евра – ЗА ШТО?Ако не сакате да го работите тоа за што сте платени, имате излез. Одете си. СИТЕ ДО ЕДЕН!Немате проблем да земате плата, ама имате проблем да го дадете максимумот за клубот што ве плаќа? Еден ебан денар од ПСЖ наваму не сте заслужиле.На многу ваши глупости сме се воздржувале во минатото, само поради доброто на клубот, и тоа на наша штета.Доста е ЌУТЕЊЕ!!!!
БАРАМЕ, конкретни и коренити промени уште денес, за доброто ваше, наше и на клубот. Секогаш сме и ќе бидиме само позади интересите на Пелистер. Сите сте криви, промени треба од горе до долу!!!!“, се вели во обраќањето на „Чкембари“.
„Вардарци“, пак, дојдоа до 17-та своја титула во историјата, повторно по три години пауза враќајќи се на врвот во македонскиот ракомет.
Со тоа Вардар треба и да се врати во Лигата на шампиони следната сезона, но ќе се чека на одобрувањето на „вајлд-картата“ од ЕХФ, како што беше случајот и претходните години со Е. Пелистер.
Македонија, како што е познато, нема загарантирано место во најсилното европско клупско натпреварување.
Но, се очекува Вардар, и како двократен европски шампион од 2017 и од 2019 година, да добие вајлд-карта за Лигата на шампионите, која во новата сезона ќе брои 24 екипи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
