ВИДЕО: Случувањата во полуфиналето од Купот под лупа: Циркус голови, смешни грешки на арачиновци, во последните минути!

Тетовска Шкендија се пласираше во финалето на Купот на Македонија откако триумфираше на гостувањето против Шкендија Арачиново со 0-2, со два гола во самиот финиш од натпреварот.

Токму случувањата на дуелот сериозно го привлекуваат вниманието на домашната фудбалска јавност, пред се поради сомнителните активности на дел од домашните фудбалери, кои како што вчера пишуваше Инфоспорт., според неофицијалните информации, одбиле да истрчаат на терен во вториот дел.

„Како што неофицијално дознаваме, имало незадоволство кај 5-6 домашни фудбалери, бидејќи не сакале да играат според нечии наредби, што довело до нивна замена во текот на второто полувреме. Нивната замена, која се случи по 60. минута, предизвика драстична промена во играта, а како резултат на тоа видовме целосно анемична Шкендија Арачниново, особено при постигнувањето на противничките голови, при што се издвојува првиот гол постигнат од Себастијан Спахиу“ – пишува „Инфоспорт“.

Арачиновци примија два циркус голови со крајно смешни, очигледни грешки, најпрво на дефанзивците на тимот, а потоа и смешна реакција на нововлезениот голман Шукриу кој остава простор за сомнеж, а кој точно по еден час игра го замени стартниот голман Столевски, кој дотогаш беше на висина на задачата.

Се вчитува...