Лазаров го скрати списокот: Без Пешевски, шанса за Гогов

Селекторoт Кире Лазаров го објави скратениот список од 20 ракометари кои ќе бидат во конкуренција за претстојниот двомеч со Словачка во баражот за пласман на СП 2027.

Жарко Пешевски нема да може да му помогне на националниот тим на овие две пресметки, во комбинација не е ниту Мартин Серафимов, а интересно е што шанса како трет голман добива Васил Гогов од Вардар пред Иван Галевски од Алкалоид.

Првиот дуел од двомечот меѓу Словачка и Македонија се игра на 14 мај во Прешов, а реваншот е закажан за три дена подоцна во Скопје.

Се вчитува...