Малку повеќе од еден месец пред почетокот на Светското првенство, најдобриот стрелец во историјата на уругвајската фудбалска репрезентација, 39-годишниот Луис Суарез, изјави дека е отворен за евентуално враќање во „небесно синиот“ тим, иако објави крај на својата репрезентативна кариера во септември 2024 година по конфликт со тренерот Марсело Биелса.
Пред повеќе од година и пол, Суарез го обвини Биелса дека создава раздор во тимот и дека се однесува ладно кон играчите.
„Тогаш кажав некои работи што не требаше. Мора да бидете способни да ги признаете своите грешки, за мене тоа сега е минато. Ако мојата земја има потреба од мене, никогаш нема да кажам не. Додека сум активен, ќе бидам достапен“, рече Суарез.
За време на својата богата кариера, Суарез одигра 143 натпревари за репрезентацијата и постигна 69 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
