Келаифи повторно ќе ги води вработените на финале на ЛШ

Претседателот на европскиот шампион повторно одлучи да им оддаде почит на сите вработени во ПСЖ.

Париз Сен Жермен ќе им обезбеди на сите свои вработени бесплатен превоз и билети за финалето на Лигата на шампионите против Арсенал во Будимпешта.

Ова не е ништо ново или сензационално, со оглед на тоа што клубот од Париз веќе го стори тоа претходната година, кога околу 500 луѓе вработени во клубот патуваа на финалето во Минхен, а беа вклучени и во заедничкиот фонд за бонуси за играчи.

Одлуката беше објавена во порака испратена до персоналот од претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи, откако втор пат по ред стигна до финалето на Лигата на шампионите.

Се вчитува...