Фенербахче повторно ја загуби титулата во домашното првенство, а во тек е целосна реорганизација во спортскиот сектор.
Истанбулскиот гигант се раздели со Доменико Тедеско по неуспешна сезона, а во тек е работа за ангажирање на нов стратег.
Според турскиот „Фанатик“, Фенербахче воспоставил контакти со неколку познати имиња во европскиот фудбал, меѓу кои се Чаби Алонсо и Фелипе Луис, но во приказната е вклучено и ново име кое привлече најголемо внимание.
Имено, еден од луѓето блиски до раководството на клубот, Хакан Сафи, веќе одржал состанок со Енцо Мареска, кој нема работа откако се раздели со Челзи.
Италијанскиот стручњак наводно не гледа со потценување на опцијата да дојде во Турција, додека во исто време, во англиските медиуми се појавуваат информации дека Манчестер Сити го разгледува и како потенцијален наследник на Пеп Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
