Слот: Со нетрпение ја чекам идната сезона, сигурно ќе биде поинаква

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, веќе прави планови за следната сезона по разочарувачката сезона за клубот. Тој рече дека ќе има промени во составот, но не толку многу како минатото лето.

Се чини дека Холанѓанецот нема сомнежи дека ќе биде на „Енфилд“ следната сезона. Слот зборуваше пред утрешниот натпревар со Челси.

„Се радувам на следната сезона, па затоа воопшто не сум загрижен. Веројатно ќе има уште еден мал преоден период, но не толку драстичен како минатото лето. Ќе мора да направиме промени во составот бидејќи двајца играчи нè напуштаат“, рече предводникот на Ливерпул.

Се вчитува...