Меси: Аргентина не е фаворит за Мундијалот, во моментов има подобри селекции

Капитенот на светскиот шампион Аргентина, Лионел Меси, откри кои други екипи ги смета за фаворити за освојување на Светското првенство во 2026 година, признавајќи дека некои од нив се во подобра форма од светскиот првак.

Тој го кажа ова во интервју со аргентинскиот ТВ водител Хоакин Алварез, со кого разговараше на различни теми.

„Мора да разбереме дека има и други фаворити кои се пред нас и ќе пристигнат во подобра форма. Франција повторно изгледа доста силна и има толку многу играчи од врвно ниво. Исто така и Шпанија и Бразил , кои не се во најдобра форма веќе некое време, но секогаш се меѓу претендентите. Мислам дека Португалија исто така има многу конкурентен тим.“, изјави Меси.

Потоа зборуваше за своето ривалство со Роналдо.

„Моето ривалство со Кристијано Роналдо е нешто природно во светот на фудбалот. На крајот на краиштата, јас бев во Барселона , а тој беше во Реал Мадрид, натпреварувајќи се и на колективно и на индивидуално ниво. Па, луѓето постојано нè споредуваат. Но, нашиот однос отсекогаш бил добар и почитуван, и сè меѓу нас е чисто на спортско ниво. Не се среќаваме често, освен на натпревари или церемонии за доделување награди, но отсекогаш сме имале добар однос. Сега секој од нас е во различна фаза од нашите животи, но во минатото имавме прекрасно спортско ривалство“, рече Меси.

Се вчитува...