Одлуката е донесена: „Специјалниот“ се враќа на „Сантијаго Бернабе“

Реал Мадрид го чека мечот со Барселона, кој може да биде решавачки во битката за титулата, односно „Каталонците“ да ја освојат, додека „кралевите“ во моментов се соочуваат со голем број проблеми со тепачки, несогласувања и со петиција за заминување на Мбапе.

И додека траат овие скандали, Флорентино Перез веќе одлучил кој ќе биде новиот тренер на клубот идната сезона, откако Алваро Арбелоа не ги оправда очекувањата.

А, новинарите од шпанскиот весник „Марка“ тврдат дека Перез веќе ја донел својата одлука и дека е јасно кој ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид.

Станува збор за „Специјалниот“. Секако, неговото име е Жозе Мурињо кој има одлично лично пријателство со Перез уште од неговиот претходен престој на Бернабеу.

Претседателот на Реал Мадрид никогаш не го криел своето восхитување кон Португалецот и верува дека тој е човекот кој мора да го води Реал Мадрид во новата сезона.

Се вчитува...