Фенербахче во литванскиот пекол до билет за Ф4

Фенербахче е третиот патник, по Олимпијакос и Реал Мадрид, на фајналфор турнирот од Евролигата откако турскиот гигант славеше во четвртфиналната серија со Жалгирис со 3-1 во победи. Откако пред два дена загуби во драматичниот финиш во Каунас, турскиот тим овојпат излезе како победник од „литванскиот пекол“, и тоа по продолжение од пет минути.

Дуелот беше максимално израмнет, а во драматичната завршница Жалгирис имаше водство, но Фенер благодарение на Болдвин и на центарот Бирч успеа да стигне до израмнување. Потоа избраниците на Јасикевичиус поведоа со „плус осум“ во продолжениието, Жалгирис дојде до „минус два“, домашниот тим не искористи и напад за израмнување, по што Фенербахче стигна до победата, изразена со конечните 90-94.

Бирч беше главна фигура со 21 поен и 13 скокови, до 21 поен броеше и Хортон Такер, додека Вејд Болдвин реализираше 14 поени и 5 асистенции. Кај Жалгирис прв стрелец беше Франциско со 23 поени, но францускиот бек имаше и две промашени тројки во последната минута.

Се вчитува...