Валенсија уште еднаш покажа зошто е најпријатно евролигашко изненадување сезонава откако „портокаловите“ по вторпат во три дена успеаја да слават на гостувањето во Атина против Панатинаикос (86-89), изборувајќи се за мајсторка во оваа четвртфинална серија.
Носени на крилјата на феноменалниот Монтеро, кошаркарите на Валенсија одиграа уште еден меч за паметење, не дозволувајќи пеколната атмосфера во „ОАКА“ да им ги замрси сметките на суперѕвездите на ПАО. Валенсија се одлепи уште од самиот почеток стигнувајќи до двоцифрена предност, но „зелените“ предводени од Осман успеаја да се вратат, дури за момент и да поведат. Сепак, Валенсија беше поумешна во завршницата, одлепувајќи се на „плус седум“ на помалку од минута до крај.
Панатинаикос не се предаде, успеа да дојде до „минус три“, имаше и последна шанса за израмнување, но обидот на Хејс Дејвис од речиси половина терен беше непрецизен и Валенсија стигна до заслужена победа, за 2-2 во оваа серија.
Монтеро одигра меч за паметење со неверојатни 45 индексни поени (29 поени, 7, скока, 7 асистенции и три украдени топки), 12 поени за Валенсија, додека најефикасни кај ПАО беа Осман со 26 и Нан со 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
