Борусија Дортмунд стави печат на второто место

Борусија Дортмунд го осигура второто место на крајот на сезоната во Бундес-лигата откако „милионерите“ на последниот домашен дуел славеа со 3-2 над тимот на Ајнтрахт.

Гостите први дојдоа во водство на самиот почеток, но пресуден се покажа финишот на првото полувреме, во кој домашниот тим за помалку од три минути постигна два гола, преку Гираси и Шлотербек.

Младиот Игнасио во второто полувреме го постигна својот прв гол во дресот на Борусија за 3-1, пред конечните 3-2 да ги постави Буркарт во 87. минута.

По овој пораз Ајнтрахт  речиси сигурно ќе остане без излез во фудбалска Европа, па на Шпанецот Риера му се заканува отказ само неколку месеци по доаѓањето во Франкфурт.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...