Голема семејна трагедија за Ханси Флик на денот на „Ел Класико“

Семејна трагедија го погоди тренерот на Барселона, Ханси Флик пред вечервашното Ел Класико.

Неговиот татко почина изминатава ноќ, само неколку часа пред клучниот натпревар меѓу Барселона и Реал Мадрид. И покрај тешката трагедија, германскиот стручњак одлучи да го предводи својот тим на натпреварот што се игра на Камп Ноу.

Каталонскиот клуб издаде соопштение во кое изрази поддршка за својот тренер.

„Барселона и целото семејство Блауграна сакаат да му изразат сочувство на Ханси Флик за смртта на неговиот татко. Сочувствуваме со неговата болка и стоиме покрај него и неговото семејство во ова тешко време“, се вели во соопштението на клубот.

Флик утрово го информираше раководството и тимот за тажната вест и одлучи дека вечерва ќе седи на клупата и ќе го предводи тимот во Ел Класико.

Натпреварот на Камп Ноу започнува во 21 часот, а Барселона ќе стане шампион ако не го загуби денешниот натпревар.

Се вчитува...