Државниот шампион од средното училиште СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп ќе ја претставува Македонија на Европското првенство во футсал, кое од 10 до 26 мај се одржува во Бања Лука.
Нашите ученици ќе бидат дел од континенталниот шампионат на кој ќе учествуваат 250 учесници од 11 земји.
Европското отворено првенство во футсал е наменето за ученици до 18 години, а ќе се натпреваруваат вкупно 15 екипи.
Покрај Македонија, учество ќе земат и претставници од Белгија, Бугарија, Црна Гора, Чешка, Унгарија, Молдавија, Србија, Словенија, Словачка и Република Српска.
Учесниците ќе бидат поделени во четири групи, а натпреварите ќе се играат во спортските сали „Борик“, „Фармаспром“, „Центар“ и салата при основното училиште „Свети Сава“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
