ВИДЕО: Милан Ристовски повторно стрелец за Бохемијанс

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски е расположен за голови во финишот од сезоната во чешкиот шампионат повторно стрелајќи за својот Бохемијанс.

Ристовски на реваншот од разигрувањето за пласман од 7. до 10.место, стрелаше во победата на Бохемијанс од 0-2 на гостувањето против Сигма Оломуц.

Македонскиот напаѓач погоди во 31. минута од средбата, за водство од 0-1 во тие моменти за Бохемијанс.

Се вчитува...