КАКВА НОВА НЕВЕРОЈАТНА ПАРТИЈА НА СТОЛЕ ДИМИТРИЕВСКИ – Херој на Валенсија за триумф со Атлетик Билбао! (ВИДЕО)

Нова неверојатна партија на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски во победата на Валенсија од 0-1 на гостувањето против Атлетик Билбао во Ла Лига.

Димитриевски е херојот на Валенсија, убедливо играч на мечот, со извонредни одбрани во второто полувреме со кои успеа да ја одбрани победата на својот тим.

Најмалку четири извонредни интеревенции останаа запишани за македонскиот голман со кои се издвои како играч на мечот.

А, во првото полувреме Валенсија не искористи и пенал откако Дуро ја погоди само гредата. Па, во вториот дел Садик, сепак, погоди за триумф од 0-1.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...