Адеми: Им се извинувам на навивачите за овој дебакл, во Лондон одиме по чудо

Динамо Загреб вчера загуби од Милан на „Максимир“ со 0-4. Италијанскиот тим со тоа се доближи до 1/8 финалето, и речиси ја затвори вратата за „модрите“ кои сега ќе треба да направат чудо во Лондон за да се пласираат барем во Лигата на Европа.

Динамо нема никакви шанси за второто место, а капитенот Аријан Адеми се извини на навивачите на тимот од Загреб, и најави дека во Лондон ќе се обидат да го направат тоа чудо.

„Поакажаа дека се подобри, жал ми е за навивачите кои беа фантастични. Вториот гол беше одлучувачки. Во Милано бевме блиску да се вратиме, но тука направивме грешки кои не смеевме. Имаме уште еден натпревар, и одиме по чудо во Лондон“, рече Адеми. 

Динамо има четири бода, откако го совлада Челси и одигра нерешено со Салцбург на „Максимир“, а загуби двапати од Милан и еднаш од Салцбург.

Се вчитува...