Адеми: Ова не е збогум, туку догледање со Динамо… Ќе се вратам за да го освоиме европскиот трофеј!

Аријан Адеми по цели 13 години се збогуваше од Динамо Загреб, продолжувајќи ја својата кариера во Кина.

Вечерва на „Максимир“ во емотивна атмосфера Адеми ги одигра последните свои минути во победата на Динамо над Ријека од 1-0.

„Искрено не мислев дека ќе дојде овој ден. Мислев дека во Динамо ќе ја завршам и кариерата. Првпат во кариерата денеска имав навистина трема, после 10 години почувствував немир во душата и трема“ – го почна своето обраќање по мечот Адеми, притоа дополнувајќи:

„Да бидам искрен не знам каде одам сега. Сега сум под силни емоции, навистина бев воодушевен и низ секоја минута од денешниот меч. Пресреќен сум што завршивме со победа затоа што сакав така да биде, тоа ми значи, и му благодарам на мојот брат Ристовски што постигна гол за триумф“.

А, дали ова е крајно збогум од Адеми за Динамо Загреб, македонскиот репрезентативец категоричен.

„Јасно е како ден дека ова не збогум туку само догледање со Динамо. Се уште не сум го завршил она што го сакам со Динамо, а тоа е европски трофеј. Ќе се видиме ние повторно“ – рече за крај Адеми.

Аријан Адеми утре се приклучува на македонската репрезентација за собирот за квалификацискиот дуел со Малта, а потоа продолжува во Кина каде ќе ја продолжи својата кариера.

Се вчитува...