„Аферата“ му се удри од глава: Врањеш добива „шут карта“ од Андерлехт поради Карлеуша

Очигледно одлуката да сподели во јавноста интимни видеа и експлицитни фотографии од Јелена Карлеуша со која наводно имал двегодишна афера, му се „удри од глава“ и на самиот репрезентативец на БиГ, Огњен Врањеш.

Токму поради „аферата“ која изминатиов период ја пренесуваат српските медиуми, но се почесто и европските, белгиски Андерлехт, како што пренесуваат белгиските медиуми, одлучи да му даде „шут карта“ на Врањеш.

Како што пишуваат Белгијците, челниците на Андерлехт одлучиле да му соопштат на Врањеш дека може да си бара нов клуб низ актуелниот преоден рок поради актуелната афера од која е нарушен неговиот и угледот на клубот.

Врањеш, како што информираат од Андерлехт, деновиве не присуствувал на тренинзите на тимот поради влошена здравствена состојба.

Се вчитува...