Ајакс доби помилување па најави тужба против федерацијата на Холандија

Холандското дерби помеѓу Ајакс и Феенорд не го дочека својот крај откако домашните навивачи предизвикаа хаос во Амстердам, прво прекинувајќи го натпреварот, а потоа влегувајќи и во конфликт со полицијата.

Очекувањата беа дека најтрофејниот клуб во Холандија ќе добие најстрога можна казна и покрај изгубениот натпревар со 3-0 ќе биде и сакнциониран со одземање на бодови, но до истото не дојде.

Фудбалската федерација на Холандија се одлучи да дозволи продолжување на натпреварот пред празни трибини во среда на 27. септември со почеток од 14 часот, но сега Ајакс е оној кој се заканува со тужба против федерацијата бидејќи терминот се противречи со следниот натпревар во Купот на Холнадија каде Ајакс требаше сили да си ги одмери со Волендам.

Ајакс бара големото дерби да продолжи во месец ноември.

Се вчитува...