Ajaкс oстана без еден од директорите

Надзорниот одбор на Ајакс донесе одлука да го суспендира Алекс Крус, извршен директор и претседател на одборот поради основани сомневања дека открил информации. Одлуката на Надзорниот одбор стапува на сила веднаш, а намерата е да се прекине соработката со Крус.

Надзорниот одбор ја донесе одлуката за суспензијата откако дозна дека Крус купил повеќе од 17.000 акции на Ајакс само една недела пред да биде објавено на 2. август 2023 година дека ќе ги преземе должностите што ги извршува во клубот од тогаш.

По сознанието за ова, Надзорниот одбор побара правен совет, што упатува на сомнежи во откривањето на информациите. Оддавањето деловна тајна е кривично дело. Должностите што ги имаше Крус ќе ги преземат другите членови на Управниот одбор, а како делегиран асистент на Одборот ќе му се приклучи и  Михаел ван Праг.

Се вчитува...