Академија ФМП со победа во Гевгелија го доби натпреварот за престиж со Кожув

Во Гевгелија денеска беше одигран натпревар за престиж меѓу Кожув и Академија ФМП, двобој кој го добија гостите со 79-94, во рамки на 9. коло од плеј-аутот на македонската кошаркарска лига.

Во првиот период играта беше изедначена, а тоа го сведочеше и семафорот, 23-23. На пархетот се играше буквално кош за кош. Во ваков ритам се продолжи до крајот на полувремето, гостите беа нешто подобри, па на пазуа заминаа со минимална предност од 47-52.

Ниту вториот дел од овој меч не беше поразличен, ефикасноста беше подобрена кај двата тима, но неизвесноста и понатаму остана, третиот период заврши со 18-18. Побендикот се решаваше во последната четвртина, Академија ФМП успеа да направи мала разлика која успеа да ја сочува до самиот крај, па на овој начин завери триумф над Кожув.

Филип Бакоч беше главна фигура на оваа средба со 33 поени, додека кај Кожув се истакна Декардо Деј со 31 поен.

Се вчитува...