Академија Пандев ќе бара „службени бодови“ против Шкендија: По исклучувањето на Фазлагиќ, Шкендија беше без младинец

Академија Пандев загуби со 1-0 на гостувањето против Шкендија во Тетово, но најави дека ќе бара „службени бодови“ од овој дуел на „зелена маса“. Причината е фактот дека Шкендија цели 16 минути во првото полувреме играше без младинец, фудбалер под 21 година, откако беше исклучен Фазлагиќ. Дури во 36.минута, Шефити влезе на местото на Адили.

„Нашата екипа, со пораз се враќа од Тетово против лидерот Шкендија (1-0), но трите бода ќе ги бараме на „зелена маса“. ,Имено, во 21. минута Фазлагиќ заработи црвен картон, а домаќините играа цели 16 минути на теренот без младинец, се до 36. минута кога во игра влезе Шефити на местото на Адили. Правилата се јасни, во првиот дел екипата мора да има најмалку еден младинец, што во случајот нашиот денешен противник го немаше. Доколку се почитуваат правилниците и прописите на ФФМ, во што искрено веруваме, тогаш бодовите треба да ни припаднат нам. Може да потврдиме дека и официјално ќе поднесеме жалба по повод овој случај“, велат од Академија Пандев.

Се вчитува...