„Ако му се случи нешто на Нејмар, ќе платиш со својот живот“

Најголемата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар да Силва, во солзи го заврши натпреварот против Лион. Грубиот старт на Тијаго Мендеш го „сруши“ Нејмар на земја, а Бразилецот на носилки беше изнесен од теренот.

На социјалните мрежи, една од заканите гласаше: „Ако му се случи нешто на Нејмар, ќе платиш со својот живот“, стои во порака испратена од гневните навивачи.

Мендеш и неговата сопруга ги пријавиле заканите во полиција со цел да се чувствуваат побезбедно. Миленикот од „Паркот на принцовите“, Нејмар објави дека повредата не е толку страшна како што се чинеше во прв момент, но тоа очигледно не ги смири навивачите кои го штитат.

Се вчитува...