Ако не ја слушате полицијата, послушајте ја Сузи Кортез: Останете дома!

Бразилската убавица Сузи Кортез се приклучи на кампањата „Остани дома“ што се шири низ земјите во кои владее коронавирусот. Таа е голема навивачка на Барселона, но реши да ги продаде сите дресови што ги има од Лионел Меси, а собраните пари ќе ги искористи за купување на маски и дезинфекциски средства, што потоа ќе ги подели на најсиромашното население.

„Сакам да го дадам својот придонес. Ги продавам дресовите од Барселона, а со парите ќе се купат работи што ќе им бидат достапни на оние кои не можат да си ги дозволат, како маски и дезинфекциски средства. Најважно од се е да останете дома, излегувајте само кога е неопходно. Ќе го победиме коронавирусот“, напиша 29-годишната Кортез.

Барем до машкиот дел од популацијата, зборовите на убавата Бразилка ќе допрат посилно од оние на државните власти и нивните повици за седење дома во времето на глобалната криза.

Се вчитува...