Ал Хилал ќе му го суспендира договорот на Нејмар за да ангажира друг странец

Ал Хилал ќе му го „поништи“ договорот на Нејмар додека трае неговата рехабилитација од повредата, за да отвори место за нов странец во екипата.

На почетокот на ноември, крилниот играч беше опериран откако ги скина вркстените лигаменти. Бразилската фудбалска федерација верува дек играчот ќе се врати за настапите на Копа Америка, но дефинитивно ќе биде неизвесен, затоа што го чека пауза од 10 месеци.

Ал Хилал се одлучи привдемено да ја суспендира регистрацијата на Нејмар, за во зима да ангажира играч на левата странична позиција. Клубот од Саудиска Арабија во моментов ги има максимално сите странци.

Нејмар постигна 1 гол и три асистенции во пет натпревари.

Се вчитува...