Алегри не знае како да го испофали Манџукиќ: Не постојат зборови за да се опише…

Јувентус во дербито на 17. коло од Серија А славеше против Рома со 1-0 во меч кој го одлучи хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ.

Стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри по мечот не знаеше како да го испофали својот напаѓач…

„Марио е извонреден, феноменален играч. Нема зборови со кои може да се опише… За нас е исклучително важен затоа што е фудбалер кој има беспрекорна комбинација на физичка подготовка и техника“ – рече Алегри и дополни:

„Беше добар натпревар против Рома, останавме организирани и под притисок. Рома во вториот дел имаше посед на топка, но повеќе од тоа не и дозволивме да направи. Сосема заслужена победа за нас“.

Се вчитува...