Поранешниот Ф1 возач, Алекс Занарди, е на интензивна нега и се бори за живот откако со инвалидската количка при трка во Италија налетал на камион и доживеал сериозни повреди. Тој со хеликоптер е пренесен во болница во Сиена, веднаш е опериран и се уште е на интензивна нега.
„Пациентот беше донесен околу 19 часот и веднаш беше префрлен во операциона сала, а докторите повеќе од три часа се бореа да ги санираат сериозните повреди на неговото трло. Направени се неколку фируршки зафати, неврохируршка и максилофасцијална операција и сега останува да чекаме и да се надеваме дека организмот сето тоа ќе го издржи. Неговата здравствена состојба е навистина сериозна“, се вели во соопштението на клиниката Санта Марија во Сиена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА