Алиоски му донесе голема заработка на англиски фан (ФОТО)

Езгјан Алиоски синоќа во победата на Лидс над Њукасл од 5-2 го постигна својот гол првенец во англиската Премиер-лига. Покрај големата среќа која им ја донесе на навивачите на Лидс поради трите бода, нашиот репрезентативец усреќи и еден фан кој заработи добра сума на пари играјќи на тоа Алиоски да стрела на мечот.

Неговиот облог му донесе 190 фунти, а интересното е тоа што тикетот го уплатил за само 1,5 фунта.

Се вчитува...