Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон откако славеше против Французинот Иго Амбер во четири сета.
Алкараз дозволи пад во играта само во третиот сет кој го загуби со 1-6. Претходно со 6-3 и 6-4 ги доби првите два сета, а во четвртиот сет славеше со 7-5 за конечна победа.
Шпанецот во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Американецот Томи Пол и неговиот сонародник Роберт Баутиста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА