Анамарија открива: Еве како ме освои Дончиќ, имав само 12 години…

Анамарија Голтен поради обврски на седмицата на модата во Љубљана нема да биде крај Лука Дончиќ на стартот од новата НБА-сезона, но таа наскоро ќе му се приклучи на словенечкиот ас во Далас.

Во интерју за магазинот „Космополитен“ таа откри како се запознала со кошаркарската мегаѕвезда и што веднаш ја освоило кај Лука.

„Тоа беше неговиот позитивен дух и енергијата што ја поседува, ме освои „од прва“. За мене тоа беше нешто ново, сосема свежи и поинакво… Јас тогаш имав 12 или 13 години, беше понизок од мене, па можам да кажам дека мускулестото тело и височината не ми беа важни. Тој едноставно е роден таков, интересен како личност, тоа го поседува до ден денеска, што ме привлекува кај него како и првиот ден кога го запознав“ – вели Анамарија.

Се вчитува...