Анчелоти и објави војна на ФИФА: Заборавете на Реал Мадрид на Светското првенство

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека следната година во Соединетите американски држави во текот на месец јуни и јули ќе биде одржано Светското клупско првенство на кое учество ќе земат 32 екипи.

Тоа наиде на големо негодување кај тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кој им порача на челните луѓе на ФИФА да заборават на настап на неговиот Реал Мадрид на собирот.

„ФИФА може да заборави на тоа. Фудбалерите и клубовите нема да учествуваат на таков турнир. Како нас размислуваат и други клубови. Сигурно ќе го одбиеме повикот“, изјави Анчелоти.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино го најви овој собир како круна на меѓунардониот професионален фудбал, но очигледно дека најавата за нов шампионат по крајот на долга сезона воопшто не ги возбуди клубовите и играчите.

Се вчитува...