Ангеловски донесе одлука – Несторовски нема да биде дел од тимот на мечот со Германија!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски одлучи Илија Несторовски да не патува на гостинскиот натпревар против Германија кој ќе се игра во Дуисбург, поради синоќешниот испад на мечот против Лихтенштајн кога по постигнување на голот од пенал пред ТВ-камерите испрати навреди кон одредени лица кои претходно се заканувале на него и неговите најблиски.

“Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното: 

Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија”, изјави Ангеловски. 

Се вчитува...