Англичаните имаа несекојдневна реакција на провокациите на унгарските навивачи (ВИДЕО)

Англија и по четири кола не знае за пораз на квалификациите за Светското првенство. Последни кои „налетаа“ на „гордиот албион“ беа Унгарците кои на домашен терен загубија со 4-0 со головите на Стерлинг, Кејн, Мекгваер и Рајс.

Англичаните беа мета на расистички напади од страна на унгарските навивачи уште пред почетокот на мечот. Притоа беа исвиркани и при „клечењето“, а потоа при прославата на головите кон нив летаа и пластични чаши и баклии.

Сепак репрезентативците на Англија не реагираа жестоко, а Деклан Рајс и Џек Грилиш имаа и интересна и несекојдневна реакција на провокациите. Имено, при прославата на четвртиот гол, фудбалерите на Вест Хем и Манчестер Сити подигнаа чаши од земјата и го испија она што се наоѓаше во нив.

Се вчитува...