Фудбалска Италија е нов европски шампион по синоќешната победа на пенали во големото финале против Англија, чии навивачи се уште не можат да се помират со судбината, односно со фактот што иако играа на домашен терен речиси цело ЕВРО 2020, сепак, не дојдоа до посакуваната цел.
Англичаните сметаат дека судијата Кујперс направил големи грешки и дека ги оштетил нивните миленици, поради што веќе почнаа петиција за – преигрување на дуелот за пехарот. Како главна причина за ова онлајн собирање гласови се потенцира грубиот старт на Џорџо Кјелини над Букајо Сака во последните моменти од регуларниот дел од средбата, за кој доби само жолт картон. Тие сметаат дека тоа дефинитивно било за исклучување, со што на теренот многу би се смениле работите во двете продолженија.
Петицијата засега ја потпишале само 1.500 фанови, но полека станува вирална па се очекува бројката вртоглаво да порасне. Но, ова секако е само за некоја мала утеха на англиските навивачи, бидејќи УЕГА секако нема да дозволи преигрување на финалето, макар сите жители на Велика Британија да стават свој потпис на петицијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА