Апсолутно заслужено – голот на Шик, најубав на ЕВРО 2020

Патрик Шик апсолутно заслужено ја доби наградата за стрелец на најубавиот гол на ЕВРО 2020, по ремек-делото на чешкиот напаѓач на мечот од првото коло против Шкотска.

Шик постигна два гола на оваа средба, но за паметење беше оној вториот, кога од половина терен маестрално ја смести топката во мрежата на голманот Маршал.

Тоа му донесе убедлива победа во гласањето на фудбалските фанови ширум Европа, пред Пол Погба и неговиот еврогол против Швајцарија на второто место и ремек-делото на Лука Модриќ за Хрватска против Шкотска на третата позиција.

Се вчитува...